Поврзете се со нас

АТП

Алкарас по разочарувачката елиминација во Торино: Сега следи најважниот турнир за мене

Објавено

на

Foto:x.com/SH_RolexMasters

Карлос Алкарас втора година по ред беше еден од фаворитите за највисок пласман во Торино, но ако лани беше сопрен во полуфиналето, овојпат не ја мина ниту групната фаза.

Вирусот кој му направи проблеми на стартот на турнирот на крајот влијаеше навистина поразително за талентираниот тенисер, кој по денешниот пораз од Александер Зверев, и дефинитивно ги спакува куферите и полека ќе се подготвува за Малага.

На 19-ти ноември, Шпанија ќе го почне својот настап во завршницата од Дејвис Купот, турнир кој ќе биде посебен за Алкарас, но и последен за Рафа Надал во неговата блескава кариера.

– Дејвис Купот ќе биде последен турнир за мене оваа година, а тоа ќе биде еден од најважните и најпосебните на кои некогаш ќе заиграм. Тоа е последниот турнир на кој ќе настапи Рафа, тоа што имам шанса да бидам крај него во неговите последни тениски моменти е нешто посебно.

– Станува збор за Дејвис Купот, турнир кој сонувам да го освојам еден ден. Кога бев мал, сонував да го донесам Дејвис Купот за Шпанија. Оваа година имаме посебна шанса, ќе пробам да помогнам во обидот да стигнеме до титулата. Сакам да го направам тоа за себе, но најмногу поради Рафа. Навистина сакам да се повлече со титула, тоа ќе биде емотивен и посебен турнир за мене, – вели Алкарас.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни