Поврзете се со нас

АТП

Алкарас по новиот непријатен пораз: Не знам зошто ја променија подлогата

Објавено

на

foto: x.com/atptour

КАрлос Алкарас освои два грен слем трофеи оваа сезона и играше финале на Олимписките игри, но сепак Шпанецот во ниту еден момент не дојде блиску до првото место на АТП листата, а тоа е така поради порази како оној синоќа.

За разлика од Јаник Синер, светскиот рекет број два е доста понеконстантен и повремено си дозволува лош ден на теренот, меѓутоа во последните две години му се случува своевидно дежа-ви по доброто лето кое го остава зад себе.

Алкарас доживеа неочекувана рана елиминација на Ју-Ес Опен, не се прослави и во Шангај пред неколку недели, а вчера загуби од Иго Имбер во осминафиналето на Мастерсот во Париз.

– Никогаш не сакате да се простите од турнирот толку рано, но особено е тешко кога ќе загубите тесен меч. Боли тоа што не ги искористив моите шанси во третиот сет, мислам дека можев да направам повеќе, – изјави Алкарас по поразот 6:1, 3:6 и 7:5.

– Знаев дека нема да биде лесно против Иго, кога играм против него, секогаш сум подготвен да трчам многу. Тој има силни удари, игра рамно и дава се од себе во секој замав со рекетот. Се обидов да се вратам, успеав во тоа, но сепак не бев на високо ниво до самиот крај, – додаде Карлос, кој смета дека организаторот на турнирот во Париз направил голема грешка со промената на подлогата.

– Имав добри настапи во сала во Дејвис Купот, но тој терен беше многу побавен од овој. Ова беше најбрзата подлога на еден Мастерс турнир од серијата 1000. Да бидам искрен, не знам зошто целосно ја променија подлогата во споредба со минатите години. Очигледно требаше да дојдам порано во Париз за да се навикнам на овие услови, – заврши Шпанецот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни