Поврзете се со нас

АТП

Алкарас по болниот пораз: Ова беше најлошиот меч во мојата кариера

Објавено

на

foto: x.com/CincyTennis

Карлос Алкарас доживеа шокантен и неочекуван пораз од ветеранот Гаел Монфис во 1/16 финалето на Мастерсот во Синсинати.

Иако Монфис е еден од најдобрите француски играчи во последните 15 години, тој веќе има 37 години и дефинитивно не треба да биде закана за залетаниот Алкарас, но секој меч е посебна приказна за себе и Гаел го суреди помладиот колега со 2-1 во сетови.

Шпанецот не беше свој и тоа го призна по самиот натпревар.

-Ова беше непријатно за мене. Мислам дека беше најлошиот натпревар што сум го одиграл во мојата кариера.

-Искрено, не можев да играм. Тренирав многу добро пред почетокот на турнирот, претходните денови се чувствував прилично добро, чисто ја удирав топката, одлично се движев. Искрено, играње на Централниот терен во споредба со другите терени. Топките одеа многу побрзо на централниот, многу, многу повеќе отскокнуваа на другите терени.

-Дојдов тука уверен дека ќе се чувствувам добро, дека ќе покажам добар тенис, бидејќи научив како да играм на оваа подлога. Знам да играм на оваа подлога, но се покажа дека ова е сосема друга подлога, сосема поинаков спорт… Невозможно е да се извлечат добри работи од овој натпревар, -порача Шпанецот.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни