Поврзете се со нас

АТП

Алкарас: Ова е лудо, никогаш не сум го видел во тенисот!

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/rolandgarros

Карлос Алкарас не се претстави во најдобро светло и загуби од Џејк Дрејпер со 2-0 во сетови во осминафиналето на турнирот во Квинс, турнир од серијата 500.

Шпанецот претрпе пораз со 7-6 и 6-3, пораз кој од понеделник му носи пад од една позиција на АТП листата што значи ќе биде трет светски рекет зад Јаник Синер и Новак Ѓоковиќ.

Алкарас загуби од најдобриот британски тенисер, Ѓоковиќ ќе го мине на АТП листата

Токму Алкарас имаше што да каже за новото правило кое АТП го тестира во Квинс и Хале, правило според кое тајмерот за почеток на нов поен почнува да „отчукува“ по претходниот поен, а не кога ќе каже судијата.

-Новото правило е лудо и лошо за играчите. Тајмерот никогаш не запира и се активира веднаш кога ќе заврши последниот поен. Ако завршам поен на мрежа, немам време ни да ги добијам топките. Да не зборуваме да земам пешкир. Никогаш не сум го видел тоа во тенисот, -истакна Карлос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни