Поврзете се со нас

АТП

Алкарас откри што ќе истетовира на себе по освоената титула на Ролан Гарос

Објавено

на

Foto:x.com/rolandgarros

Карлос Алкарас повторно се враќаше од загубена ситуација на Ролан Гарос и уште еднаш го демонстрираше својот борбен дух, но и победничкиот карактер кој е одлика само за најголемите шампиони.

Карлито се враќаше од негатива од 2:1 во полуфиналето против Јаник Синер, а идентичен проблем имаше и во вчерашното финале, во кое Саша Зверев изгледаше како доста подобар тенисер во вториот и третиот сет.

Германецот заслужено поведе и се чинеше дека е блиску до прва грен слем титула, но наместо тоа, Алкарас по четири часа и 19 минути игра стигна до својата трета грен слем титула во кратката кариера, прва на Ролан Гарос.

Шпанецот стана првиот играч во историјата на Опен ерата кој првите три грен слем титули ги освоил на три различни турнири (Ју-Ес Опен, Вимблдон и Ролан Гарос), па сега за комплетирање на сите четири му преостанува уште да го освои Аустралијан Опен.

Француските медиуми брзо го нарекоа Алкарас наследник на Рафа Надал по првиот трофеј на Френч Опен, а новиот светски рекет број два откри дека ќе си ја истетовира Ајфеловата кула на својата лева рака.

– Сигурно ќе направам тетоважа на левиот зглоб. Ќе ја истетовирам Ајфеловата кула и датумот кога го освоим првиот трофеј на Ролан Гарос, – откри Алкарас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни