Поврзете се со нас

АТП

Алкарас откри што било главна причина за неговите проблеми: Кој го вели спротивното за Ѓоковиќ, тој лаже!

Објавено

на

Foto:twitter.com/rolandgarros

Карлос Алкарас мораше да му подаде рака на Новак Ѓоковиќ и покрај тоа што поставен како фаворит од букмејкерите за освојување на Ролан Гарос, мислење кое го делеше и искусниот тенисер од Србија.

Ноле го посочи младиот Карлитос како тенисерот кој ќе треба да се победи на Френч Опен, а Србинот навистина го направи тоа во вчерашното полуфинале кое на крајот сепак остана пократко за вистински спектакл.

По двата неверојатни сета по кои резултатот беше 1:1, Алкарас комплетно се распадна на физички план и имаше големи здравствени проблеми, поради што престана да трча и да му парира на големиот грен-слем шампион.

Уште за време на преносот, Алкарас порача дека има проблеми со грчеви на целото тело, а во разговорот со новинарите по мечот, открил дека главна причина за тоа биле нервозата и тензијата кои ги чувствувал пред да излезе на мегдан со Ѓоковиќ.

– Прво почувствував грч во раката, а потоа на стартот на третиот сет по целото тело. Не беа само нозете, имав грчеви по целото тело. Ми беше тешко да се движам во третиот сет, во четвртиот имав мала шанса, но тешко е да се игра против Новак.

– Најверојатно, ова е последица на Ѓоковиќ. Не е лесно да се игра против него, тој е легенда на нашиот спорт. Ако некој каже дека не е нервозен кога излегува на терен со Ѓоковиќ, тој лаже. Полуфинале на грен слем, нервозата беше присутна, а уште повеќе кога играте против Новак. Се надевам дека следниот пат ќе биде поинаку, иако нервозата и тензијата повторно ќе бидат присутни, – изјави поразениот Алкарас.

Ѓоковиќ во големото финале за противник ќе го има Каспер Руд и на истото ќе брка рекордна 23-та грен слем титула.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни