Поврзете се со нас

АТП

Алкарас одново покажа слабости, но обезбеди четвртфинале во Лондон (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/Wimbledon

Карлос Алкарас го мина и четвртиот предизвик на Вимблдон, победа која му донесе четвртфинале на грен слемот во Лондон каде ја брани титулата.

Шпанецот покажа слабости на пресметката со Тиафо каде загуби два сета, а и денеска имаше одредени проблеми во дулот со Иго Амбер кој на крајот го доби со 3-1 во сетови.

Алкарас одигра перфектно во првите два сета каде славеше со 6-4 и 6-4, но потоа дојде до огромен пад во неговата игра и противникот намали на 2-1, откако ја доби рундата со 6-1.

Во четвртиот сет дури петпати играчите го губеа својот сервис што во случајот значеше 7-5 за фаворитот и место во наредната фаза во која ривал ќе му биде подобриот од дуелот Пол-Баутиста Агут.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни