Поврзете се со нас

АТП

Алкарас облеан од емоции: Има само еден Рафа (Фото)

Објавено

на

foto: x.com/atptour

Карлос Алкарас одблиску го следеше последниот работен ден на Рафаел Надал на еден тениски терен, а исто како и сите Шпанци во Малага, младиот играч беше разочаран од конечниот епилог.

Тој и Марсел Гранолјерс беа поразени во клучниот меч во двојки од холандската двојка Колхоф-Ботик, па со тоа пензионирањето на Надал подрани неколку дена со оглед на тоа што Шпанија важеше за апсолутен фаворит за титулата во Дејвис Купот.

По неочекуваното сценарио, Надал имаше долго обраќање пред присутните во салата и со солзи во очите се збогуваше како професионален тенисер, а напливот од емоции на теренот направија да видиме и брзо обраќање од Карлитос преку социјалните мрежи.

– Ќе има многу други Дејвис Купови, но има само еден Рафа. Благодарение на тебе станав професионален тенисер. Бев доволно среќен да ја доживеам твојата кариера како дете, ми беше идол, а потоа ми стана и соиграч во шпанскиот тим!

– Ти си најдобриот можен амбасадор кој остава вечно наследство, – порача Алкарас.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни