Поврзете се со нас

АТП

Алкарас обелодени кои мечеви сака да ги гледа: Тоа се најдобрите тенисери на светот…

Објавено

на

Foto:twitter.com/AustralianOpen

Карлос Алкарас успешно мина уште една пречка на Аустралијан Опен и тоа во името на Миомир Кецмановиќ кого го совлада со 3-0 во сетови со 6-4, 6-4 и 6-0.

Шпанецот беше супериорен, знаеше што прави во секоја ситуација и обезбеди четвртфинале во кое ќе ги одмери силите со Александер Звевер што значи ќе имаме едно дерби во оваа рунда.

-Ако играм како против Кецмановиќ, би требало да биде добро. Одигравме тешки натпревари, тој одигра пет сета овде. Ќе биде тешко. Одигравме многу тежок натпревар на Ју-Ес Опен. Тој не беше 100 проценти подготвен за тој Ју-Ес Опен, но ми се допаѓа да играм против Саша. Висок интензитет на тенис е нешто што треба да се очекува. Секогаш се трудам да дадам се од себе, -истакна Алкарас кој обелодени кои мечеви сака да ги гледа.

-Јас сум голем љубител на тенисот. Сакам да го гледам секој натпревар, но сакам да ги гледам Данил (Медведев), Новак, Синер. Јас сум тука со тие играчи. Секогаш кога ќе излезат на теренот го даваат најдоброто ниво на тенис. Убаво е да ги гледаш. Играат на високо ниво. Ова се најдобрите тенисери во светот, -порача Шпанецот.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни