Поврзете се со нас

АТП

Алкарас обелодени каква порака добил од Ѓоковиќ на мрежа по болниот пораз

Објавено

на

Foto:x.com/rolandgarros

Карлос Алкарас имаше обид да стане најмлад олимписки шампион во тенис во историјата, но во таквата намера го спречи човекот кој бркаше прво злато на и комплетирање на „Златен слем“.

Новак Ѓоковиќ загуби од Алкарас пред неполн месец со убедливи 3:0 во финалето на Вимблдон, меѓутоа вчера беше далеку подобар и пофокусиран и успеа да го надигра 16-години помладиот ривал во клучните моменти.

Ноле ја направи разликата во одлучувачките моменти во двата тајбрејка, па на крајот стигна до прво олимписко злато во кариерата без да загуби ниту еден сет на турнирот во Париз.

Алкарас не ги криеше солзите по болниот пораз, но покажа и доблест и му честиташе на ривалот за најважното достигнување во неговата кариера.

– Задоволен сум од тоа како одиграв, на моменти го играв најдобриот тенис, освен во клучните фази. Разочаран сум поради поразот, но мора да ја гледам пошироката сликата. Комплтирав еден тежок период, имав добар турнир и мора да бидам горд на себе. Против себе имав импресивен шампион кој го заслужи златото. Мора да му се оддаде признание за оваа голема победа.

– Јас дадов се што имав и мора да научам од овој пораз. Го велам тоа бидејќи сметам дека не го понудив најдоброто од себе во клучните моменти. Да бидам искрен, играв со поголем притисок од едно финале на грен слем. Во текот на сезоната има четири грен слем турнири, Олимписки игри се играат еднаш во четири години. Тоа што ја претставував мојата земја ми создаде дополнителен притисок, – призна Алкарас, кој откри и каква порака добил од Ноле на мрежа.

– Ѓоковиќ ми порача дека ќе го освојам златото еден ден, ми порача дека мојот момент за такво нешто ќе пристигне во иднина, – откри Алкарас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни