Поврзете се со нас

АТП

Алкарас нема дилеми: Тој е најдобар тенисер на светот

Објавено

на

Foto:twitter.com/AustralianOpen

Карлос Алкарас добро напредува на Мастерсот во Индијан Велс каде успеа да стигне до полуфиналето со само еден изгубен сет и тоа во почетната рунда против Матео Арналди од Италија.

Меѓутоа допрва следи најтешкиот предизвик за Шпанецот, соочувањето со Јаник Синер кој е непоразен во актуелнава сезона.

-Не знам како ќе му пристапам на тој натпревар. Јаник моментално е најдобар во светот, без никаков сомнеж. Тој игра неверојатно, не загуби оваа година и навистина уживам да го гледам како игра. Ќе биде навистина тежок натпревар, голем предизвик за мене, да видам пред се на кое ниво ќе бидам против него. Ова сигурно ќе биде најтешкиот натпревар за мене од почетокот на годината, -истакна Алкарас.

Во второто полуфинале во калифорниската пустина силите ќе го одмерат Медведев и Пол.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни