Поврзете се со нас

АТП

Алкарас нема да настапи на Аустралијан Опен

Објавено

на

Светскиот рекет број еден, Карлос Алкарас, дефинитивно нема да се натпреварува за трофејот на Аустралијан Опен.

Шпанскиот тенисер се повредил за време на подготовките и нема да биде во конкуренција за освојување на првиот грен-слем во 2023 година.

– Кога бев во одлична форма за време на подготовките за новата сезона, заработив повреда при едно неприродно движење.

– Работев напорно за да бидам на потребното ниво во Австралија, но за жал сега нема да можам да учествувам, – изјавил Алкарас, кој требаше да настапи на уште еден турнир пред почетокот на АО.

Алкарас стана најмладиот светски рекет број еден во историјата по триумфот на Ју-Ес Опен, а сега ќе му ја препушти улогата на прв носител на сонародникот Рафаел Надал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни