АТП
Алкарас: Нема да има тетоважа, ако триумфирав…
Карлос Алкарас по одличните настапи на Ролан Гарос и Вимблдон се надеваше на златен медал на Летните Олимписки Игри во Париз, меѓутоа таа негова цел, желба не се оствари затоа што на патот му застана Новак Ѓоковиќ.
Шпанецот имаше добри настапи се до големото финале во кое Ѓоковиќ покажа повеќе од него и дојде до успехот кој му недостасуваше во кариерата. Токму поради ова и Карлос нема да ја направи тетоважата која ја вети за „пехар“ на ОИ.
-Нема да има тетоважа, бидејќи јас не го освоив златото. Ако победев на Олимпијадата, тогаш ќе се истетовирав, -рече Карлос.
-Секогаш сакам подобро и секогаш мислам дека можам подобро. Навистина мислам дека имав одлично лето, иако многу го посакував тој златен медал. Секогаш се трудам да откријам што згрешив во поразот, за да не ги повторам грешките на следниот натпревар. Не успеав да решам некои ситуации во Париз.
-Верувам дека во иднина ќе имам шанса да освојам злато, но никогаш не се знае. Рафаел Надал го освои златниот медал во Пекинг 2008 година, а потоа не играше во ниту едно финале, -додаде Шпанецот кој се подготвува за турнирот во Синсинати.
-
Лига на нациипред 22 часа
Ван Дајк го изигнорира националниот колега од Јунајтед, видеото стана вирално
-
Лига на нациипред 21 час
Мајсторија на напаѓачот: Словенечкиот коментатор „полуде“ по слаломот на Шешко (Видео)
-
Шпанијапред 23 часа
Родриго призна дека знае да се налути: Повремено се чувствувам како да „пополнувам дупки“ во Реал
-
Италијапред 21 час
Мангупскиот гол на Фратези ги воодушеви фудбалските фанови во Италија (Видео)
-
Лига на нациипред 23 часа
Димитриевски не одговори на прозивките од поранешните колеги: Најважно е што ќе направиме утре
-
Лига на нациипред 12 часа
Шок за Артета и фановите на Арсенал: Одегард заработи ужасна повреда и го напушти теренот со плачење (Видео)
-
АТПпред 8 часа
Ферер за допинг аферата на Синер: Се прочитав, тој не е виновен
-
Светпред 11 часа
Интересен предизвик за Холанѓанецот: Депај позираше со дресот на новата екипа (ФОТО)