Поврзете се со нас

АТП

Алкарас: Не ме боли поразот, разочаран сум од себе

Објавено

на

Foto:x.com/BNPPARIBASOPEN

Карлос Алкарас 16 меча во низа не знаеше за пораз на Индијан Велс, но рано утрово беше надигран од Џек Дрејпер и остана пократок за ново финале во калифорниската пустина.

Британскиот тенисер имаше повеќе нерви откако изгледавме два необични и чудни сета, па во одлучувачкиот трет доволен беше еден брејк за триумф од 6:4.

Алкарас пристигна на Индијан Велс со две титули едно по друго на овој Мастерс турнир и со огромна доза на самодоверба, но по првиот пораз во три години, посочи дека е крајно разочаран од самиот себе.

– Овој пораз навистина пече и боли……. Никој не сака да губи на еден меч, но овој беше специјален за мене, навистина сакав да играм трето финале во низа. Сепак, не бев воопшто блиску до најдоброто издание, бев нервозен цел ден, – изјави Алкарас по поразот од 6:1, 0:6 и 6:4.

– Сакав трета титула во нзиа, но не можам да очекувам дека секогаш ќе победувам тука. Не ме боли поразот, колку што ме боли мојата игра. Начинот на кој го дочекав мечот е она што посебно ме нервира. Факт е дека не успеав да се опуштам, првиот сет е еден од најлошите кои ги имам одиграно во кариерата, а тоа беше последица на нервозата која ја чувствуав пред мечот, – изјави Алкарас.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни