Поврзете се со нас

АТП

Алкарас не го прифати новиот прекар кој го поврза со Федерер: Премногу сум далеку од тоа….. (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/LaverCup

Карлос Алкарас оствари две победи во текот на вчерашниот ден, но онаа втората во сингл конкуренција значеше дека титулата во Лејвер Купот се враќа во Европа.

По двегодишна доминација на тимот на светот, Алкарас се погрижи титулата да се врати на стариот континент, а пресудна за тоа се покажа победата над Тејлор Фриц во последниот неделен меч.

Шпанецот славеше со 6:2 и 7:5 и покажа дека е најдобар играч од својот тим изминатиов викенд, па поради неверојатното ниво кое го презентираше, доби и уникатен прекар од противниците.

Тимот од светот го нарече Алкарас „Фед 05“, алудирајќи на тоа дека игра како во нестварната сезоната која ја имаше Рожер Федерер во 2005-та година (81 победа и само 4 порази).

Кога му беше посочено тоа од презентерката, срамежливиот Алкарас побара од колегите да му смислат нов прекар, бидејќи смета дека никогаш нема да го достигне тој рекорд.

– Премногу сум далеку од тоа ниво, премногу сум далеку….. Се надевам дека ќе го достигнам тоа ниво еден ден, но ќе биде невозможно. Мора да ми го променат името, бидејќи „Фед 05“ секогаш ќе остане за Рожер, – изјави Алкарас.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни