Поврзете се со нас

АТП

Алкарас надмина едно легендарно достигнување, но има многу поголеми цели: Сакам да ги урнам рекордите на Ѓоковиќ!

Објавено

на

Foto:twitter.com/AustralianOpen

Карлос Алкарас стана најмладиот тенисер во историјата кој на седум последователни грен слем турнири стигнал барем до осминафиналето, а со тоа го надмина рекордот кој досега беше во сопственост на Бјорн Борг.

Шпанскиот тенисер загуби само два гејма во дуелот со Кинезот Шанг и фуриозно и без многу борба се пласираше меѓу 16-те најдобри, но по победата на пресот зборувал и за амбициите кои ги има за натамошниот дел од кариерата.

Новак Ѓоковиќ е името кое најчесто се изговара во Мелбурн парк изминативе неколку дена од сите млади тенисери, па така е и со Карлос кој си поставил за цел да ги урне сите рекорди кои сега ги поставува Србинот.

– Не сакам да им давам важност на вакви достигнувања, бидејќи рекордите кои сакам да ги урнам се оние на Новак Ѓоковиќ. Тоа е целта која си ја имам поставено до крајот на мојата кариера.

– Добро е да се поправи рекорд на легенда како Борг, но не треба да се мисли премногу на тие работи. Ако се опседнете со тоа и давате преголема важност, работите можат да се свртат против вас, – смета Алкарас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни