Поврзете се со нас

АТП

Алкарас на чекор од нова титула, дојде до резултат со кој се „израмни“ со Надал

Објавено

на

Карлос Алкарас ќе игра во финалето на АТП турнирот од серијата 500 што се одржува во Хамбург, финале во кое ќе ги одмери силите со уште еден талент од новата генерација Лоренцо Музети.

Шпанецот во денешното полуфинале беше подобар од Алекс Молчан од Словачка со 7-6(2), 6-1 и со тоа дојде на еден чекор од петтиот пехар во 2022 година со што би избил пред Рафаел Надал.

Воедно со пласманот во завршницата на турнирот во Хамбург талентираниот Алкарас се избори за место во првата петка на најновото АТП рангирање. Со 19 години, два месеци и 18 денови тој ќе стане најмладиот Топ 5 играч по неговиот сонародник Надал.

Во досегашната кариера Карлос триумфираше во Умаг (2021), Мастерсите во Мадрид и Мајами, Барселона и Рио Де Жанеиро.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни