Поврзете се со нас

АТП

Алкарас: Ја научив лекцијата од минатогодишниот меч со Ѓоковиќ…

Објавено

на

foto: x.com/rolandgarros

Карлос Алкарас за првпат во својата кариера ќе игра финале на Ролан Гарос, меч за титула во кој стигна преку Јаник Синер кого денеска го совлада со 3-2 во сетови.

Шпанецот и Италијанец водеа „војна“ која траеше повеќе од четири часа, војна во која Карлос го имаше последниот збор и обезбеди место во завршниот меч на Френч Опен.

-Уживав во мачењето. Тоа беше клучот. Овде на Ролан Гарос, на земјена подлога. Долги поени, четири часа на земјена подлога. Долги натпревари. Мора да се борите. Му кажав на мојот тим дека мора да уживате во тоа страдање.

-Веројатно најтешкиот меч во својата кратка кариера беше против Јаник на УС Опен. Тој навистина многу вложува во своите тренинзи и натпревари. Се надевам дека ќе одиграм уште многу вакви натпревари. Ова е навистина најтешкиот што сум го одиграл, -рече Алкарас порача дека ја научил лекцијата од минатогодишниот меч со Новак Ѓоковиќ.

-И двајцата се мачевме. Имав грчеви, како и Јаник во третиот сет. Научив од ланскиот меч против Ѓоковиќ дека во такви ситуации треба да продолжиш да се бориш, инаку победата ќе ти побегне. Мора да се обидете да играте пократки поени. Тоа беше чуден сет. Во четвртиот видовме добар меч, бодови и тенис. Пресреќен сум со се што направив, -заврши Шпанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни