Поврзете се со нас

АТП

Алкарас избегна меч во пет сета и обезбеди трето коло на Аустралијан Опен

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/AustralianOpen

Карлос Алкарас мораше да мине повеќе од три часа на „Род Лејвер“ арената во Мелбурн, но ја оствари целта и избори пласман во третото коло на Аустралијан Опен.

Шпанецот за противник го имаше Лоренцо Сонего, расположениот Италијанец кој се покажа како достоен противник, со освоен сет и жестока борба во четвртиот во кој сепак Алкарас го доби тај-брејкот.

Алкарас избегна петти сет кој можеше да донесе и поголема драма и дополнителен мотив за Сонего, па на крајот го доби мечот со 3:1, односно 6:4/6:7/6:3/7:6, гарантирајќи си место во следната рунда во Мелбурн.

Следен противник ќе му биде кинескиот тенисер Јунчанг Шанг, кој обезбеди трето коло иако влезе на турнирот како 140. тенисер на АТП ранкингот.

Од фаворитите за висок пласман кои играа денеска, Саша Зверев и Каспер Руд обезбедија следна рунда, но тоа го направија на подраматичен начин, односно со победа со 3:2 во сетови и тоа со супер тај-брејк во решавачкиот сет.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни