Поврзете се со нас

АТП

Алкарас испорача тениски „бомби“ за пласман во финале и го воодушеви Дибала (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/ROLEXMCMASTERS

Карлос Алкарас продолжи со своите одлични изданија на Мастерс турнирот во Монте Карло, каде во своето второ учество стигна до големото финале.

Шпанскиот тенисер за свој ривал во полуфиналето имаше сонародник, па иако Давидович Фокина се погрижи да гледаме возбудлив тенис, сепак немаше решение за поквалитетниот ривал во одлучувачките моменти.

Алкарас диктираше темпо во текот на целиот меч и во првиот сет испушти предност од 5:2, но сепак успеа да ја приведе работата во своја корист, и тоа добивајќи го тајбрејкот со 7:2.

Во вториот сет, Карлито имаше брејк предност од самиот старт, па иако одново наиде на отпор, ја заврши работата со 6:4 по 2 часа и десет минути игра.

Алкарас испорача огромен број винери на овој меч, а со своите форхенд „бомби“ во еден момент го воодушеви и Пауло Дибала кој одново беше на трибините во кнежевството.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни