Поврзете се со нас

АТП

Алкарас: Имав среќа што Ѓоковиќ не играше во Њујорк

Објавено

на

Карлос Алкарас дојде до најголемиот успех во својата кариера откако триумфираше на последниот грен слем во оваа календарска година Ју-Ес Опен.

Шпанецот во финалето во Њујорк славеше со 3-1 во сетови над Каспер Руд, а со овој резултат воедно дојде и до првото место на АТП листата. Младиот ас е пресреќен поради остварениот резултат, но во исто време признава дека имал среќа што Новак Ѓоковиќ не можел да игра на Отвореното првенство на САД.

-Не сакам да си одземам заслуга, но вистината е дека во најсилната конкуренција играа Рафаел Надал, Новак Ѓоковиќ, Рожер Федерер. Имав среќа или како сакате кажете го што Ѓоковиќ не можеше да игра на Ју-Ес Опен. Секој има свои причини, но тоа е реалноста, -вели Карлос кој потенцира дека напорно работел за да дојде до првото место на АТП листата.

-Ѓоковиќ извесно време не можеше многу да игра. Надал играше, но не цела година. Но, како што реков, не сакам да си ги одземам заслугите. Играв цела сезона, имав неверојатни натпревари и неверојатни турнири. Работев навистина напорно за да се случат вакви работи, -заклучи Карлос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни