Поврзете се со нас

АТП

Алкарас имаше решение и за Де Минор и стигна до прв триумф во кариерата на турнир во сала

Објавено

на

Карлос Алкарас е победник на АТП тенискиот турнир во Ротердам, на кој потврди дека игра во одлична форма и заслужено ќе го подигне победничкиот трофеј.

Шпанецот денеска остана два часа на теренот, загуби сет во дуелот со Алекс Де Минор, но беше доволно сигурен во првиот и третиот сет за да ја потврди доминацијата во Ротердам.

Алкарас ги доби првиот и третиот со 6:4, односно 6:2, а помеѓу истите, Де Минор го доби вториот со 6:3, барем за момент продолжувајќи ја неизвесноста пред полната сала во холандскиот град.

За Алкарас оваа победа има и посебно значење, бидејќи ова му е првиот трофеј во кариерата на турнир кој се играл на затворено, односно во сала.

Истовремено, тој стана и првиот Шпанец кој триумфирал на турнирот во Ротердам во историјата на неговото одржување од 1974 година наваму.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни