Поврзете се со нас

АТП

Алкарас има поинакво мислење: Ѓоковиќ е најдобар само статистички!

Објавено

на

Foto:instagram.com/carlitosalcarazz

Карлос Алкарас доживеа нов непријатен удар рано утрово во Рио и после само два поени стана јасно дека нема да има добар ден на професионално ниво, бидејќи Шпанецот си го свитка зглобот и подоцна мораше да предаде уште во вториот гејм.

Светскиот рекет број два му предаде на Монтеиро и сега лекарските прегледи ќе покажат колку долго ќе мора да паузира, но додека Шпанците ги исчекуваат резултатите, доста интересно стана и интервјуто кое го одработи пред да излезе на терен.

Алкарас во интервју за „Марка“ проговори за тенисерите кои ја одбележаа најдобрата ера во тенисот, но одби да заклучи дека Новак Ѓоковиќ е најдобар во историјата.

„ГОАТ“ дебатата за добар дел од фановите заврши кога Ѓоковиќ го мина Надал по бројот на освоени грен-слем титули, меѓутоа за Алкарас статистиката не е пресудна и се работи за прашање на вкус.

– Кога плачев последен пат по еден меч? Кога загубив од Ѓоковиќ во полуфиналето на завршниот Мастерс во Торино. „ГОАТ“ дебатата? Секој си има различна перцепција и различно гледиште.

– За некои Ѓоковиќ е најдобар, за други Надал, за останати Федерер. Рафа кажа дека Ѓоковиќ е најдобар според оствареното на теренот и јас се согласувам со тоа. Ѓоковиќ е најдобар само статистички, гледајќи ги бројките, тој е најдобар во историјата. Но, за да кажете кој е најголем, тука има нешто повеќе од бројките. Сите тројца се многу големи и за мене тројцата се најдобри, – вели Алкарас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни