Поврзете се со нас

АТП

Алкарас игра за остварување на детскиот сон и второ место на АТП ранкингот

Објавено

на

Foto:x.com/rolandgarros

Денешното финале на Ролан Гарос ќе донесе соочување на Карлос Алкарас и Александер Зверев, двајца тенисери кои досега го немаат освоено францускиот грен-слем и се надеваат дека ќе влезат во историјата на овој турнир.

Алкарас во полуфиналето го победи Јаник Синер и сега се надева дека ќе стане уште еден шпански тенисер со триумф во Париз. Истовремено за него тоа е остварување на детскиот сон, но и опција да се најде пред Новак Ѓоковиќ на АТП ранкингот во понеделник.

– Имам посебни чувства за овој турнир. Се сеќавам дека кога бев дете, трчав од училиште за да ги гледам мечевите од Ролан Гарос на телевизија. Надал доминираше овде изминатите 14-15 години, а сега и јас сакам да го вметнам моето име меѓу освојувачите на турнирот, – истакнал Алкарас.

Шпанецот веќе има триумф на Ју-Ес Опен и Вимблдон и ова за него ќе биде уште еден голем успех, а ќе го зголеми списокот на шпански тенисери кои победиле во Париз последните три децении. На истиот покрај Надал се и неговиот тренер Хуан Карлос Фереро, Карлос Моја, Алберт Коста и Серхи Бругера.

Со евентуална победа денеска, Алкарас ќе собере доволно поени за да го престигне Ѓоковиќ на АТП ранкингот, на кој утре првпат од врвот ќе гледа Синер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни