Поврзете се со нас

АТП

Алкарас и Синер приредија епски тениски меч, па го воодушевија цел свет со заедничката слика (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/ChinaOpen

Карлос Алкарас и Јаник Синер започнаа едно големо ривалство кое треба да ги радува големите тениски фанови со години во иднина, а доказ за тоа беше и спектаклот кој го понудија денеска во Пекинг.

Во меч во кој траеше речиси три ипол часа, Шпанецот имаше повеќе нерви во завршницата и со пресврт славеше во тајбрејкот на третиот сет, но покрај тоа што се извонредни тенисери, двајцата се истакнуваа и како извонредни момчиња кои се пример за младите генерации.

Алкарас и Синер градат едно здраво и респектабилно ривалство, а взаемната почит ја презентираа и по крајот на мечот со своите излагања.

Шпанецот му посвети емотивни зборови на Синер и му порача дека посебно го цени поради фактот што е извонредна личност, но должен не остана и поразениот Италијанец кој покажува неверојатна ментална сила и покрај допинг скандалот кој му виси на глава.

За крај на денот, двајцата ја режираа и најдобрата тениска слика по епското финале во Пекинг, бидејќи и Карлос и Јаник решиле со своите два тима заедно да се упатат кон Шангај каде ќе се игра Мастерс турнирот од серијата 1000.

Оваа слика само покажува дека двајцата имаат извонреден однос, а прикажаната фотографија го воодушеви и легендарниот Борис Бекер.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни