Поврзете се со нас

АТП

Алкарас го „збриша“ Руне и за последен пат закажа полуфинале против Надал: Ќе се обидам да уживам

Објавено

на

foto: x.com/atptour

Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ како привилегирани тениски ѕвезди добија специјално место директно во полуфиналињата на „Слемот на шесте кралеви“, па така вечерва двајцата ги дознаа своите ривали во утрешните битки.

Ноле во полуфиналето ќе игра против Јаник Синер од кого загуби пред неколку дена во финалето во Шангај, додека Надал за ривал го доби Карлос Алкарас.

По победата на Синер над Данил Медведев со убедливи 6:0 и 6:3, лесна задача имаше и Алкарас кој не му даде никаква шанса на Холгер Руне.

Шпанецот го декласираше Руне со 6:4 и 6:2 и закажа полуфинале против Надал, што всушност значи дека младиот Карлос за последен пат во кариерата ќе има шанса да игра против својот идол.

Надал најави крај на кариерата на Дејвис Куп завршницата во Малага, но од претходно пријави учество во Ријад и утре за ривал ќе го има тенисерот кој многумина го сметаат за негов наследник.

– Надал и ден денеска е мој идол. Тој е многу важна личност за мене, за мојот личен живот и за кариерата. Тој е една од причините поради кои станав професионален тенисер. Не знам дали ќе биде привилегија да играм утре против него, знам дека ќе ми биде тешко. Ќе се обидам да уживам на теренот, но ќе дадам се од себе, – изјави Алкарас.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни