Поврзете се со нас

АТП

Алкарас го заврши настапот во Астана уште во првото коло

Објавено

на

Foto:twitter.com/usopen

Актуелниот светски рекет број еден, Карлос Алкарас, доживеа пораз уште во првата рунда на силниот тениски турнир во Астана, Казахстан.

Алкарас налета на расположениот Давид Гофан, па Белгиецот го доби мечот во два сета и со резултат 7:5/6:3 си обезбеди нов меч на турнирот од АТП 500 серијата. Ова беше и прв дуел на Алкарас во 2022 година, на кој не освоил барем еден сет.

За разлика од Алкарас, грешка не направи Стефанос Циципас, кој денеска го победи Кукушкин со 2:0 во сетови.

Наградниот фонд на турнирот во Астана е нешто над 2 милиони долари, а на него ќе учествува и Новак Ѓоковиќ. Србинот по триумфот во Тел Авив, ќе брка нови поени во Казахстан, а прв противник ќе му биде Чилеанецот Кристијан Гарин.

Меѓу фаворитите за трофејот се и руските тенисери Данил Медведев и Андреј Рубљлов.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни