Поврзете се со нас

АТП

Алкарас го реши „редовниот пациент“ и закажа мега полуфинале со Синер (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/josemorgado

Познато е првото полуфинале на Ролан Гарос, а во истото Карлос Алкарас ќе излезе на мегдан со новиот светски рекет број еден-Јаник Синер.

Шпанскиот ас вечерва покажа моќ и со чисти 3-0 му пресуди на Стефанос Циципас на „Филип Шатрие“. Алкарас го „гази“ Гркот во меѓусебните дуели и потврда за тоа е што сега резултатот е 6-0.

На денешното соочување Карлос првиот сет го реши со 6-3, во вториот пак наиде на силен отпор од противникот и се се решаваше во тај-брејкот во кој помладиот беше подобар со 7-3. Во третата рунда решавачки беше седмиот гејм во кој Алкарас направи брејк, предност која потоа ја сочува до самиот крај за конечни 6-4.

Нареден ривал му е Синер со кого се изедначени во досегашните битки, поточно резултатот е 4-4.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни