АТП
Алкарас го „разнесе“ Медведев и го остави Ѓоковиќ без првото место (Видео)

Големото финале на Индијан Велс се чекаше со голема возбуда поради страшната форма на Карлос Алкарас и Данил Медведев, но на крајот тениските фанови останаа пократки за спектакл, бидејќи мечот беше навистина едносмерен.
Младиот Алкарас ја освои втората голема Мастерс титула во кариерата, и тоа го направи на уверлив начин поради тенисерот кој беше во најдобра форма и кој имаше серија од 19 победи во низа.
По три освоени титули и 19 добиени меча, Русинот Медведев налета на неверојатно расположен тенисер, за кој немаше решение во ниту еден момент и мораше да му подаде рака и да му честите за импресивната игра.
Финалето траеше само 72 минути и Алкарас славеше со убедливи 6:3 и 6:2, со што само ја потврди доминацијата која ја наметна во калифорниската пустина од самиот старт.
Алкарас не загуби ниту еден сет на Индијан Велс, па така стана првиот играч кој го прави тоа и ја освојува титулата по Рожер Федерер. Исто така, оваа нова голема титула значи дека Алкарас се враќа на првото место на АТП листата, минувајќи го Новак Ѓоковиќ кој не доби дозвола да игра на турнирот.
-
НБАпред 24 часа
Јокиќ го полнеше кошот на Мајами, Џексон на урнебесен начин ја опиша неговата игра (ВИДЕО)
-
АТПпред 9 часа
Надал го најави полуфиналето на Ролан Гарос: Алкарас е во подобра форма, но Ѓоковиќ…
-
Шпанијапред 24 часа
Анчелоти нема дилема: Тоа е најголемиот проблем во фудбалот
-
Англијапред 12 часа
Ливерпул го обезбедил и второто засилување во новиот преоден рок
-
Шпанијапред 14 часа
Анчелоти избрал замена за Бензема, Флорентино не дава зелено светло за трансферот
-
Светпред 13 часа
Суарез го коментирал можното реактивирање на тандемот со Меси во Интер Мајами
-
Германијапред 11 часа
Баерн Минхен го промовираше првото летно засилување
-
АТПпред 22 часа
Кореча: Не е лесно да се победи Ѓоковиќ во три сета