Поврзете се со нас

АТП

Алкарас го преслуша Медведев за место во финалето во Пекинг

Објавено

на

Foto:x.com/ChinaOpen

Карлос Алкарас е прв финалист на АТП турнирот во Пекинг, а битката за трофејот ја обезбеди со денешниот дерби дуел со Данил Медведев.

Шпанецот го доби полуфиналето во два сета, од кои првиот беше посебно интересен и драматичен и донесе дури пет брејка.

Двајцата тенисери грешеа на свој сервис, но Алкарас во финишот направи клучен исчекор за 7:5, додека во вториот сет полесно го скрши отпорот на Русинот.

Медведев се пожали и на повреда и доби и лекарска помош, за на крајот да мора да го признае поразот од помладиот колега, кој го доби мечот со 7:5/6:3.

Противник на Алкарас во финалето ќе биде победникот од дуелот меѓу Синер и Бу.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни