Поврзете се со нас

АТП

Алкарас: Ѓоковиќ е голема мотивација за мене, сакам…

Објавено

на

foto:twitter.com/AustralianOpen

Карлос Алкарас оваа година ќе биде дел од Аустралијан Опен, поточно се враќа на оваа сцена откако мораше да го пропушти минатогодишното издание поради повреда.

Шпанецот е втор носител на турнирот на кој пехарот ќе го брани Новак Ѓоковиќ, ас кој доминира во Мелбурн. Токму овие резултати се дополнителна мотивација за Карлос кој се надева дека со Ѓоковиќ ќе игра во големото финале.

-Да, тоа е голема мотивација за мене. Секогаш сакам да играм против најдобрите, да видам кое е моето ниво. Тоа е добар тест. Да се игра против него на турнир каде што е речиси непоразен… Се надевам дека ќе играме во финалето. Но, кога ја знам таа статистика, тоа е сигурно голема мотивација, -истакна Алкарас кој запрашан за тоа зошто не играше подготвителни турнири пред АО тој одговори:

-Доцна ја завршивме сезоната. Бев на одмор, да го одморам умот и телото. Разговарав со тимот дека ни требаат четири, пет недели претсезона за да се подготвиме. Немавме време. Немав време да играм турнир пред АО. Дојдов директно овде. Мислам дека сум подготвен да завршам добра работа, -порача Карлитос кој се надева дека 2024 година ќе биде подобра од претходната.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни