Поврзете се со нас

АТП

Алкарас експресно до полуфиналето во Ротердам, разиграниот Белучи му зема мерка и на Циципас (ВИДЕО)

Објавено

на

Шпанскиот тенисер, Карлос Алкарас со фуриозно издание се избори за полуфинале на АТП турнирот што се игра во Ротердам.

Алкарас кој е прв носител оствари триумф над сонародникот Педро Мартинез со 2-0 во сетови со 6-2, 6-1. Мечот траеше нешто повеќе од еден час, а фаворитот едноставно беше незапирлив и сосема заслужено обезбеди место во наредната рунда каде ќе игра со подобриот од пресметката Рубљов-Хуркач.

Продолжува пак бајката на италијанскиот квалификант, 92 рекет на светот,  Матија Белучи кој направи уште едно изненадување, па по Данил Медведев го надигра и Стефанос Циципас.

Белучи во два сета го реши Циципас и тоа со  6-4, 6-2, победа која го носи на чекор од финалетото, односно за да се случи тоа ќе мора да биде подобар од Алекс Де Минор од Австралија.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни