Поврзете се со нас

Дејвис куп

Алкарас донесе израмнување за Шпанија, победникот ќе се решава во игра на двојки

Објавено

на

Foto:x.com/atptour

По поразот кој го претрпе Рафа Надал од Ботик Ван де Зандсхулп, Шпанија се доведе во ситуација да стравува за елиминација уште во четвртфиналето, па затоа Карлос Алкарас имаше уште поголем притисок во мечот со Талон Грикспор.

Фаворитот тргна доста бавно и прв го загуби својот сервис во пресметката со Холанѓанецот, но испадна како тоа да му е потребно за да го заигра најдобриот тенис.

Алкарас брзо го врати загубениот брејк и сетот отиде во неизвесна завршница, во која Алкарас сепак доби 11 поени во низа за да израмни на 6:6, а потоа да го добие тајбрејкот со 7:0.

Ова беше најава дека Карлито почнува да ги контролира работите на теренот, а потврда за такво нешто добивме со раниот брејк.

Алкарас го одзема сервисот и потоа се предодреди да го чува својот сервис, па со 6:3 стави крај на надежите на противникот.

Младиот Шпанец израмни на 1:1 и го однесе четвртфиналето во одлучувачки меч, каде силите во двојки ќе ги одмерат Алкарас и Гранолјерс против Ван де Зандсхулп и Колхоф.

 

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни