Поврзете се со нас

АТП

Алкарас добива важно засилување пред финалето со Ѓоковиќ

Објавено

на

Foto:x.com/Wimbledon

Карлос Алкарас остави два незаборавни меесеци зад себе во кои ги освои титулите на Ролан Гарос и Вимблдон, но добрата форма во која игра направи да се бори за уште едно големо достигнување веќе утре.

Алкарас стигна до финалето на своите први летни Олимписки игри, па како што можеше да се очекува, негов ривал во битката за најсјаното одличје ќе биде Новак Ѓоковиќ.

Србинот брка прво злато во својот петти обид на најважниот спортски настан и најави дека ќе го нападне најпрестижниот медал, без оглед на фактот што смета дека Алкарас влегува со блага улога на фаворит.

Од друга страна, и Шпанецот нагласи дека нема да се задоволи со самиот пласман во финалето, а пред утрешниот дуел, на завршните тренинзи ќе има помош и од неговиот тренер кој доаѓа како важно засилување.

Хуан Карлос Фереро најави дека нема да го следи Карлос на олимпискиот турнир поради испланиран одмор, но сега го скратил истиот за да помогне во подготовките за финалето.

– Нема да промениме ништо во рутината за финалето. Ќе се загреваме сите заедно, а сега ќе имаме поддршка и од неговиот тренер. Хуан Карлос Фереро се приклучува и тоа е добра вест за сите во шпанскиот тим, – откри Давид Ферер, селекторот на шпанскиот тениски тим.

– Притисокот во финалето нема да биде толку голем. Двајцата веќе обезбедија медал за својата земја, па очекувам да играат поопуштено отколку во едно финале на грен слем, – додава Ферер.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни