Поврзете се со нас

АТП

Алкарас доби силен отпор, но без загубен сет избори следна рунда на Вимблдон

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/Wimbledon

Карлос Алкарас успешно го започна настапот на Вимблдон, каде годинава го брани ланскиот трофеј, но мораше сериозно да се потруди во првите два сета против Марк Лајал.

21-годишниот Естонец успеа да изнуди тај-брејк во првиот сет, кој Шпанецот сепак го доби со 7:3, а се држеше добро и во вториот кој заврши со резултат 7:5 за фаворитот.

Алкарас полесно ја доби само третата етапа од мечот, во која издоминира со 6:2 и по 144 минути игра обезбеди следна рунда во Лондон.

Следен противник на Шпанецот ќе му биде победникот од мечот меѓу Вукиќ и Офнер.

Место во следната фаза обезбеди и петтиот носител Данил Медведев, кој за помалку време и во три сета излезе на крај со Американецот Александар Ковачевиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни