Поврзете се со нас

АТП

Алкарас доби далеку потежок пат од Ѓоковиќ до финалето на Ју-Ес Опен (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/usopen

Карлос Алкарас и Новак Ѓоковиќ понудија спектакл за паметење во финалето на Синсинати, па поради тоа, сите експерти и фанови на „белиот спорт“ посакаа реприза на тој меч во големото финале на Ју-Ес Опен.

Како што беше најавено, денешната ждрепка во Њујорк беше од затворен тип и истата беше објавена откако беше завршена, а конечниот резултат е доста поповлен за актуелниот светски рекет број два.

Ѓоковиќ доби доста полесен пат до големото финале на Флешинг Медоус, бидејќи успеа да избегне „нагазни мини“ како Синер и Медведев, па на негова страна се играчи како Руне кој не е доволно здрав, како и Циципас кој е целосно надвор од форма.

Србинот во првото коло ќе отвори со Александар Милер, во второто ќе игра со Запата Миралјес или Квин, а во третата рунда може да оди на Ласло Ѓере. Во четвртото коло би играл со Алијасм или Серундоло, а за четвртфиналето како носители му се проектирани Циципас или Фриц кого веќе го преслуша во Синсинати. Во полуфиналето би одел на победникот од Руне или Руд, а во финалето секако прв фаворит на другата страна е Карлос Алкарас.

Сепак, за да стигне до него, младиот Шпанец ќе има доста потрнлив и потежок пат, бидејќи освен отворањето кое треба да му биде рутина, во осминафиналето, четвртфиналето и полуфиналето го чекаат сериозни противници.

Во првото коло ќе отвори со Кепфер, потоа оди на Херис, во третото коло е искусниот Еванс, а во осминафиналето би можел да ги вкрсти копјата со Камерон Нори. Во четвтфиналето треба да игра со некој од Синер и Зверев, а во полуфиналето проектирани носители се Данил Медведев и Хуберт Хуркач.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни