Поврзете се со нас

АТП

Алкарас директен: Дојдов да ја одбранам титулата на Вимблдон

Објавено

на

foto: x.com/Wimbledon

Пред нас е најпрестижниот турнир во светот на тенисот Вимблдон, грен слем кој е специјален и секогаш носи голема мотивација за тенисерите.

Бранител на титулата е Карлос Алкарас кој е поставен како трет носител, но тоа не е пречка за него и гладниот и амбициозен Шпанец јасно порачува дека ќе направи се што може и оваа година да ја освои титулата во Лондон.

-Овде сум за да постигнам резултат како минатата година. Посебно е чувството да се вратиш на Вимблдон, малку поспецијално како бранител на титулата, но се трудам да не размислувам премногу за тоа. Морам да бидам фокусиран секој ден, на секој тренинг, -вели Карлос кој воедно истакна дека максимално фит и подготвен.

-Се чувствувам како да немам повреда на раката, играм и тренирам нормално. Завршивме одлична работа, -подвлече Алкарас кој во првата рунда на Вимблдон ќе се соочи со Марк Лајал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни