Поврзете се со нас

АТП

Алкарас дебитираше на Лејвер Купот пред очите на својот идол: Ова го чекав долго време (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/rolandgarros

Карлос Алкарас дебитираше со пораз во својот прв настап на Лејвер Купот, откако вчеравечер во последниот меч со Александер Зверев загубија во мечот во двојки.

Американскиот двоец Шелтон-Фриц беше подобар и донесе израмнување за тимот на светот, но и покрај поразот, Алкарас вели дека ќе го памети првиот настап во Берлин по тоа што на трибините беше еден негов идол од детството.

Рожер Федерер како еден од организаторите на овој настан секогаш е составен дел од Лејвер Купот, па така е и овој викенд во германската престолнина.

Федерер за првпат го гледаше Алкарас во живо и тоа најверојатно ќе го повтори и денеска во сингл мечевите, нешто што буди голема страст кај фантастичниот Шпанец кој зад своето име веќе запиша четири грен слем титули.

– Средбата со Федерер беше нешто што го чекав долго време, а тоа што играв пред него беше неверојатно. Овојпат ме гледаше во двојки, се надевам дека ќе ме гледа и во сингл. Во сингл сум подобар и се надевам дека ќе ужива во мојата игра. Чест е за мене што дојде да ми посака среќа пред мечот и што ми кажа дека е возбуден што ќе ме гледа за првпат во живо. Ова е голем момент за мене. Не ја понесов заедничката слика од 2019-та година за да ми стави потпис на неа, но ќе побарам автограм на нешто друго, – со насмевка откри Алкарас.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни