Поврзете се со нас

АТП

Алкарас без загубен сет до дерби четвртфинале со Циципас

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/MutuaMadridOpen

Карлос Алкарас го доби осминафиналето против Феликс Оже-Алиасим без загубен сет, потврдувајќи го атрактивното четвртфинале со големиот ривал Стефанос Циципас.

Шпанскиот тенисер ги доби првите два сета со идентични 6:3, а во третиот беше уште поубедлив и со 6:1 го потврди триумфот над Канаѓанецот и пласманот во следната рунда.

Претходно, Циципас го победи Матео Арналди, италијанскиот тенисер кој успеа да освои еден сет против фаворитот.

Арналди подобро го започна мечот и го доби првиот сет со 6:3, во вториот можеше да стигне и до поголема предност, но тај-брејкот му припадна на поискусниот Циципас.

Грчкиот тенисер во продолжение беше убедлив и два пати со 6:2 го потврди пласманот во следната рунда.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни