Поврзете се со нас

АТП

Алкарас без поголеми проблеми до осминафиналето на Ролан Гарос

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/rolandgarros

Карлос Алкарас ја затвори денешната натпреварувачка сесија на Ролан Гарос и тоа со победа над Себастијан Корда со 3:0 во сетови.

Шпанскиот тенисер ја потврди фаворитската улога против ривалот од САД и за нешто повеќе од 160 минути си обезбеди место во осминафиналето на престижниот грен-слем турнир.

Мечот почна со по еден загубен сервис на двете страни, но вториот брејк во подоцнежниот период му беше доволен на Алкарас да дојде до почетна предност.

Во вториот сет се играше тај-брејк, во кој Шпанецот повторно се снајде подобро, а последниот сет донесе само еден брејк, но за Алкарас тоа беше доволно за печат на победата со 3:0 и продолжување на настапот во Париз.

Следен противник на третиот носител ќе биде победникот од дуелот меѓу Шелтон и Оже-Алијасим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни