Поврзете се со нас

АТП

Алкарас беснееше на теренот како никогаш досега, па загуби од Монфис во воведната рунда (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/CincyTennis

Транзицијата од една на друга подлога знае да биде проблематична и за најдобрите тенисери, а денеска тоа на своја кожа го почувствува Карлос Алкарас.

Откако во изминативе неколку месеци се навикна да игра на тревна и земјена подлога, шпанскиот тенисер со недоволно добра подготовка пристигна во Синсинати, па неговото патување на овој Мастерс турнир заврши навистина рано.

Иако требаше да оствари само две победи за да го симне Новак Ѓоковиќ од второто место на АТП листата, Карлос загуби веќе во воведната рунда во Синсинати, и тоа во меч кој се играше два дена.

Дуелот меѓу Алкарас и Гаел Монфис започна вчера и беше прекинат поради дожд при водство на Шпанецот од 1:0 во сетови, но во тајбрејкот во вториот сет Французинот беше тој кој водеше 3:1.

Со овој резултат стартуваше продолжението на мечот, а Монфис успеа да започне добро и да го добие тајбрејкот со 7:5 за 1:1 во сетови.

Во одлучувачкиот сет, Гаел прв направи брејк и тоа внесе голема нервоза кај Алкарас, кој во одредени моменти презентираше фрустрации како никогаш досега во кариерата. По низа неискористени брејк топки, Алкарас го истури бесот на рекетот и презентираше сцена која не е карактеристична за него, но искажаната нервоза не му помогна да го врати брејкот и на крајот загуби со 6:4.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни