Поврзете се со нас

АТП

Алкарас беше пред победа, па доживеа неверојатен пад и претрпе пораз (Видео)

Објавено

на

Карлос Алкарас направи пресврт и беше пред победа во дуелот со Јиржи Лехечка, но кога се чинеше дека го делат неколку поени од триумф и пласман во полуфиналето, следеше огромен пад во играта на Шпанецот.

Чехот се покажа како крајно незгоден ривал во текот на целиот меч и првиот сет го доби со 6:3, но Алкарас имаше подготвено одговор и возврати со иста мера во следниот.

Понесен од добрата игра, Алкарас продолжи да доминира и поведе со 4:2, а во тие моменти имаше и брјк топка за 5:2 на сервис на противникот.

Наместо да направи втор брејк, Алкарас не искористи голема шанса и му дозволи на Лехечка да остане во мечот, а потоа двапати во низа го загуби својот сервис и на крајот претрпе шокантен пораз во четвртфиналето во Доха.

За Алкарас ова е втор пораз од стартот на сезоната, прв по оној од Новак Ѓоковиќ на Аустралијан Опен.

Лехечка е трет патник во полуфиналето по Рубљов и Оже Алијасим, а во оваа рунда ќе игра против подобриот од последното четвртфинале меѓу Беретини и Дрејпер.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни