Поврзете се со нас

Франција

Алкантара се реши за радикална промена во ПСЖ: Повеќе нема да се води како Рафиња на дресот (Фото)

Објавено

на

Рафиња Алкантара во последен момент направи трансфер пред самиот истек на летниот преоден рок, правејќи перманентен транссфер во редовите на ПСЖ откако во изминативе неколку години беше испраќан на позајмици.

Алкантара на крајот одлучи да не го чека зимскиот преоден рок во кој можеше да си оди како слободен агент, па така неколку месеци порано, направи трансфер во голем клуб кој исто така има највисоко амбиции.

Францускиот првак веќе го потврди Рафиња како последно засилување во летниот преоден рок, но од официјализирањето на зделката, посебно внимание привлече и еден детаљ.

Офанзивниот фудбалер го избра дресот со број „12“, но интересно е тоа што во ПСЖ повеќе нема да биде Рафиња, туку ќе биде Рафаел.

Помладиот од браќата Алкантара со ваквиот потег сака да направи една радикална промена во својата кариера, оставајќи ја зад себе етапата во Барселона и започнувајќи еден нов почеток, во кој ќе го користи своето вистинско име на дресот.

Според личните документи, Рафиња всушност е Рафаел Алкантара, па верува дека користењето на своето име ќе му донесе среќа во новата фудаблска епизода.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни