Поврзете се со нас

Шпанија

Алкантара ја потврди сензационалната вест на шпанските медиуми: Ти благодарам фудбалу (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Шпанските медиуми вчера пренесоа сензационална информација поврзана за Тиаго Алкантара, а за жал истата денеска беше потврдена од самиот фудбалер.

Алкантара важеше за еден од најдобрите фантазисти во светскиот и европскиот фудбал во последните 10 години, но послдните две сезони беа кошмарни за него во секоја смисла на зборот.

Поради повредите, Тиаго не доби шанса достојно да се прости од „Енфилд Роуд“ и навивачите на Ливерпул, а неполни два месеци по крајот на сезоната, донесе одлука да стави крај на кариерата.

– Секогаш ќе бидам подготвен да го вратам она што ми го даде фудбалото и благодарен сум за времето во кое уживав. Ти благодарам фудбалу. И на сите кои ме придружуваа и ме направија подобар играч и подобар човек за време на мојот пат. Се гледаме наскоро, Тиаго, – порача Алкантара.

Некогашниот голем талент од Ла Масија става крај на кариерата на само 33-годишна возраст, а последните вести од Каталонија велат дека може да биде ангажиран од Барселона и да биде дел од стручниот штаб на Ханси Флик.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни