Поврзете се со нас

Свет

Алкантара: Го мразам модерниот фудбал, гледаме помалку магија, фантазија

Објавено

на

Членот на премиерлигашот Ливерпул, Тијаго Алкантара се отвори и проговори за правецот во кој се движи денешниот фудбал, фудбал кој на него лично воопшто не му се допаѓа.

Шпанкиот ас смета дека полека се губи магијата на овој спорт, а воедно е и против употребата повеќе замени и секако ВАР технологија.

-Тренерите можат подобро да комуницираат со нас, играчите можат да комуницираат повеќе едни со други. Ја губите конкурентноста, но развивате други аспекти. Дополнителни замени значат тимови кои бранат, ќе се бранат до 90-та минута; тимови што ве притискаат, ќе ве притискаат до крај.

-Го мразам тој модерен фудбалски менталитет, јас сум покласичен во ставот. И тука е ВАР, секогаш сум бил против, ја отстранува суштината. Ние правиме грешки кога играме, судиите исто така мора да грешат. Многу митски моменти не би постоеле [со ВАР]. И кога ќе постигнете дури и брилијантен погодок од центар, вие чекате. Размислувате: Се надевам дека нема фаул во акцијата, се надевам нема офсајд, се надевам, -вели Тијаго кој потоа говореше директно за фудбалот.

-Зазема поинакво темпо, ритам: побрзо, физички фудбал. „Десетката“ скоро да исчезна. Гледаме помалку магија, помалку фантазија. Фудбалерите прават повеќе, ама побрзо. Нема потреба од дриблинг затоа што трчате. Играчите се поразвиени во секоја смисла. Го губите тој играч кој е различен, кој „дише“, плејмејкерот кој беше побавен дури и да имаше возвишена техника, не добива можност да се сврти.

-Оние од нас кои не се толку брзи со нозете мора да бидат побрзи во главата. Тоа е како сè во животот: адаптација. Работите продолжуваат да се движат. Фудбалот се менува постојано, поинаку се изразува, -заврши Шпанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни