Боречки спортови
„Алкалоид“ застана зад македонското таеквондо, Мукаетов порача: Заедно ќе изградиме успешни приказни

Таеквондото како спорт зема се поголем замав во Македонија, а успесите на Дејан Георгиевски и останатите се доказ дека оваа гранка кај нас може уште да се развива, да носи големи резултати, медали.
Токму тоа го препознат компанијата „Алкалоид“ која одлучи да застане зад македонското таеквондо, односно да биде фицијален спонзор на Таеквондо федерацијата на Македонија.
– Чест и гордост што сум тука со македонската таеквондо федерација и репрезентација. Алкалоид како општествено одговорна компанија дава придонес за јакнење на македонската нација по сите основи. Ние тоа го препознавме и чест ни е што ќе бидеме дел од тимот што ќе се бори за успеси на Македонија.
-Многу сум среќен сум кога ќе видам луѓе кои што работат максимално посветено и упорно. Навистина е голема радост она што го направи Дејан на Олимпијадата. Треба да им помогнеме, јас сум оптимист дека ќе славиме норми и нови медали. Ќе изградиме успешни приказни за македонскиот спорт и за Македонија, изјави првиот човек на компанијата, Живко Мукаетов по договорот со важност од најмалку две години.
Своето задоволство го истакна и првиот човек на федерацијата, Борче Костовски.
-Благодарност до господинот Мукаетов, тој е човек со широко срце кој му помага на македонскиот спорт. Тој ја препозна, ја виде македонската таеквондо приказна, потенцијалот. Заедно ќе бидеме успешни во иднина. Македонската таеквондо федерација во последниот период бележи страшни резултати. Покажуваме што се направило до сега и дека се е можно, само доколку се внесе страст, труд и наука. Оваа година ја почнавме силовито, на Президент Купот Дејан освои медал, не очекуваат силни турнири, каде што државата треба да помогне на овој спорт. На европските норми имаме обезбедено, се бориме за норми во Париз, се надевам дека тоа ќе го оствариме“, изјави Костовски.
-
Балканпред 14 часа
Ковачиќ го расплака Адеми со емотивната порака (Видео)
-
Шпанијапред 10 часа
Реал Мадрид планира да ги доведе Мбапе и Халанд во ист преоден рок
-
Францијапред 13 часа
Жиру го искоментирал повлекувањето на Бензема од националниот тим
-
Англијапред 12 часа
Главните кандидати за купување на Манчестер Јунајтед не испратиле втори понуди
-
Балканпред 21 час
Адеми: Ќе се вратам во Динамо, сакам европски трофеј како тренер (ВИДЕО)
-
Светпред 13 часа
Кристијано: Лигата во Саудиска Арабија не е како Премиер лигата, но за пет години ќе стане……
-
НБАпред 12 часа
Невидена сцена во Далас: Домаќините најавија жалба, Дончиќ ризикува казна (Видео)
-
Англијапред 22 часа
Хојбјерг за искрениот Конте: Мора да ги образложи критиките пред нас…