Алкалоид со трета рутинска победа во избрано друштво, а утре и со првото големи дерби!

Alkaloid-Verder

Шахистите на Алкалоид ја оправдаа фаворитската улога и против германски Вердер Бремен, совладувајќи го германскиот тим со 5:1 во дуел од третото коло на Европскиот клупски куп во Порто Карас, Грција.

На првите две табли кинеските шахисти Лирен Динг и Јангји Ју имаа тешки битки со своите противници и на крај обезбедија реми, додека на останатите четири табли, до сигурни победи стигнаа Андрејкин, Јаковенко, Елјанов и Криворучко.

alkaloid treto kolo

Нашиот втор претставник, Гамбит исто така имаше германски противник, но откако вчера играа нерешено со 17-рангираниот грчки клуб Тесалоникис, денеска имаа лош ден против 16-рангираниот Ахен и доживеаја пораз од  4,5-1,5. Ремизираше Арнаудов на првата табла, а единствената победа ја оствари Стојчевски на четвртата табла. Во редовите на Гамбит на овој турнир го нема интернационалниот мајстор Марјан Митков, што би можело да повлијае на свежината на играчите до крајот на натпреварувањето.

gambit treto kolo

Со оваа победа, Алкалоид е меѓу шесте екипи со максимален учинок, а веќе утре ќе има уште посериозен предизвик против традиционалниот ривал Медниј Всадник од Русија, екипа што има статус на четврт носител на турниорот и важи за тим што се бори за медал.

Денешниот дуел на втората и петтата екипа по рејтинг, Аве Нови Бор против Валеренга, заврши нерешено 3:3 поради што овие екипи добија пониско рангирани противници. Во преостанатите топ три дуели за утре се Бер Шева (8) против Одлар Јурду (3) и Објетиво Падова против Дунајска Стреда.

На табелата, Алкалоид е на делба на првото место со три победи и освоени 16,5 поени, а само Одлар Јурду има подобар ефект односно 17,5 поени.

Facebook Коментари