Поврзете се со нас

Европски купови

Алкалоид собра искуство, но не и бодови од гостувањето кај Војводина

Објавено

на

foto:www.facebook.com/rkalkaloid

Ракометарите на Алкалоид се враќаат со пораз од гостувањето кај Војводина (34:29), екипа која успеа максимално да профитира од подобриот настап во првото полувреме во дуелот од Европската лига.

Алкалоид и во послабото прво полувреме долго одржуваше резултатска неизвесност, но во завршниот дел Војводина со серија 3:0 стигна до предност 11:7, а до крајот на првиот дел дојде и до највисоките плус пет за конечна предност 16:11.

Војводина во второто полувреме не отстапи од својот начин на игра и стигна до плус седум при резултат 20:13, па до крајот ја одржа убедливата предност за победа во европското натпреварување.

Серафимов со 8 и Митев со 6 голови беа најефикасни во редовите на Алкалоид, додека кај српскиот претставник, Азиз реализираше 9 пати.

Алкалоид по пет рунди во групната фаза останува на еден освоен бод и последно место во својата група, во кој Војводина има два бода повеќе од Силкеборг, но и натпревар повеќе од данскиот клуб.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни