Македонија
Алкалоид со сигурно издание го расипа славеничкото расположение во Охрид
Алкалоид останува со максимален учинок и по 11 одиграни кола во македонската ракометна Суперлига, откако момците на Кирил Лазаров денеска успеаја да го расипат славеничкото расположение на „Рибари“.
Натпреварот кој се одигра во исполнетата сала „Билјанини извори“ мина во знакот на гостите од Автокоманда, па познатата навивачка група од Охрид прослави 35-години од постоењето во меч кој беше навистина едносмерен.
Поточно, Охрид успеваше да парира во првото полувреме и можеше да го следи темпото на лидерот на табелата, но сепак Алкалоид заигра многу поагресивно во одбрана во продолжение, што беше клучна за сигурна победа.
Алкалоид славеше со 22:29 и го расипа доброто расположение на „Рибари“, кои сепак мора да се пофалат за целата подготовка и за атмосферата која се погрижија во салата.
Мартин Серафимов беше играч број еден на теренот со 12 реализации зад своето име, додека во Охрид се истакнаа тројца поединци, Тасески, Цицар и Пешиќ кои постигнаа по четири погодоци.
-
Шпанија21 час
Маестро Модриќ му покажуваше на Мбапе каде да се движи на теренот, па испорача фудбалски деликатес (Видео)
-
Англија19 часа
Шок во Манчестер: Ретклиф го „шутна“ засилувањето од Њукасл по само пет месеци! (Фото)
-
Италија21 час
Раниери откри зошто го закова за клупа капитенот на Рома
-
НБА19 часа
НБА хит: Циркузантската тројка на Дончиќ „од паркинг“ со звукот на сирената (Видео)
-
Англија20 часа
Караницата меѓу Белингам и Арда предизвика ерупција на Реал во Каталонија (Видео)
-
Англија18 часа
Голем пресврт: Новинарот кој има инсајдерски информации за Салах го откри следниот чекор на Египќанецот
-
Англија11 часа
Палмер испиша историја во ПЛ, Челси со голем пресврт до славје во трилерот со Тотенхем
-
Италија11 часа
Маикон со емотивна видео порака за Пандев: Никогаш нема да заборавам еден твој гол