Поврзете се со нас

Македонија

Алкалоид со пресврт до втора победа на турнирот „Крсте Андоновски“

Објавено

на

Foto:facebook.com/rkalkaloid

По меѓународниот турнир во Струга кој го освои Еурофарм Пелистер, оваа недела на програмата е меѓународниот турнир во Охрид, а најдобар македонски претставник на истиот е Алкалоид.

Освојувачот на Куп трофејот во македонскиот ракомет денеска оставри втора победа на вториот настап на турнирот „Крсте Андоновски“, и тоа во натпревар во кој одигра потпросечно прво полувреме.

Олимпијакос беше подобар ривал во првите 30 минути и имаше целосна контрола на резултатот, па во еден момент имаше и плус четири на семафорот.

Грците на пауза заминаа со предност од 12:14, но во вториот дел избраниците на Кирил Лазаров ги коригираа грешките и се погрижија за пресврт и победа.

Алкалоид со поангажирана игра ситгна до резултатска позитива и на крајот победи со 28:26, што е втора победа на турнирот по онаа над Динамо Панчево.

Тимот од Автокоманда утре ќе игра против РК Ловќен во натпревар од третото коло, па ако победи на истиот ќе се пласира во полуфиналето.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни